Бизнис
15. April 2016 - 8:53

Петте најголеми економии во ЕУ иницираа црна листа на даночни оази

Петте економски најмоќни земји членки на  ЕУ побараа од Г-20 да изготви црна листа на даночни оази во светот и да предвиди санкции за оние држави кои ќе одбија соработка при истраги во врска со скандалот со „Панамските документи“.

Во писмо упатено до учесниците на средбата на министрите за финансии и гувернерите на централните банки на Групата 20 економкси најразвиени земји во светот (Г-20) во Вашингтон, Германија, Велика Британија, Франција, Италија и Шпанија исто така побараа и да се објават и идентитетите на сопствениците на фиктивни фирми во даночните оази. 

Министрите за финансии на петте земји-членки на ЕУ се договорија и наскоро да започнат проектот за размена на информации за компаниите основани во даночните оази.