Петровска во Косово на средби со Мехај и со војниците на АРМ во НАТО мисијата КФОР
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Косово. Во Приштина ќе има средба со министерот за одбрана на Косово, Арменд Мехај, при што ќе потпишат нов Меморандум за соработка во одбраната.
Петровска во командата на НАТО мисијата на Косово, КФОР, ќе се сретне со заменик – командантот на мисијата, италијанскиот бригаден генерал Лука Пиперни, по што во Командата на регион Запад, во Пеќ, ќе се сретне со командантот на оваа команда, полковникот Марко Јавароне, како и со контингентот од 74 припадници на Армијата на Република Северна Македонија кои се дел од оваа мисија, соопшти МО.
Во делегацијата предводена од министерката Петровска е и командантот на Командата за операции, бригадниот генерал Бесник Емини.
Северна Македонија од 2007 година обезбедува логистичка поддршка на НАТО мисијата во Косово, а од 2020 година како земја – членка на Алијансата во КФОР придонесува и со припадници на Армијата. Во моментов оваа мисија брои над 3.700 војници од 28 нации, велат од МО.
Ново на Сител
-
Македонски танчари освоија 11 златни пехари на Европско првенство во Шведска
-
Македонски државјанин убил 30-годишна жена со месарски нож пред очите на децата во Германија
-
Обрале 300 кг грозје од туѓа нива, кривична против неколку лица од Кавадарци
-
Додик приреди коктел по повод победата на Трамп
-
8 приведени при инцидентот во Нови Сад
-
Манчестер сити загуби три натпревари во низа
-
Претседателката Сиљановска Давкова со честитки до Трамп
-
Без да плати со приватно возило поминувал патарина, кривична за началник