Петровска: Набавката на возилата од САД се одвива согласно планот - ќе бидат испорачани во касарната во Штип
Набавката на возилата од САД за Армијата се спроведува согласно диманичниот план, пристигнати се на пристаништето во Солун и ќе бидат испорачани во касарната во Штип, информираше денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска, одговорајќи на новинарски прашања по завршувањето на брифингот по повод отпочнувањето на активностите за мултинационалната вежба „Брз одговор 23“.
- Набавката на возилата од САД се одвива согласно планот, имаше некое мало одложување на испораката, меѓутоа тие се веќе пристигнати, 26 чинам возила се наоѓаат на пристаништето на Солун и во наредните денови треба да започне испораката кон Република Северна Македонија. Истите ќе бидат пренесени во касарната во Штип каде се наоѓа Баталјонот со којшто практично тие ќе бидат опремувани и се разбира во текот на годината ќе следува и друга испорака. Таа е повеќегодишна, како што е со динамичниот план предвидено, а тоа е во неколку години последователно да бидат испорачувани, изјави министерката Петровска.
Таа најави дека штом ќе пристигнат, во текот на јуни годинава, јавноста, медиумите ќе имаат можност да ги видат, дополнувајќи дека се исти како претходните добиени минатата година.
Ново на Сител
-
Клисаровска: Дневната болница не е затворена, точно е дека пациенти на Онкологија чекаат со часови бидејќи немаме доволно персонал
-
Албанија ќе почне со производство на оружје и муниција
-
Албанската полиција почна контрола на целата територија и државната граница со беспилотни летала
-
Едно лице загина, повеќе се повредени на лет од Лондон кон Сингапур по големи турбуленции
-
Михаил Гацов освојува злато за Италија и сонува да се бори за Македонија
-
Директорката Иљази им забрани на вработените да даваат изјави за медиумите
-
Безживотно тело на маж извлечено од водите на Вардар во центарот на Скопје
-
Земјоделци од селата Иловица и Штука го блокираа патот заради ниските откупни цени на младиот компир