-->
-->
Петровска: Ги подобруваме условите на припадниците на Армијата
-->
– Ги подобруваме условите на припадниците на Армијата, рече денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска на армискиот полигон Криволак, одговарајќи на прашање околу најавеното покачување на платите на вработените во Армијата.
– Сакавме уште еднаш да потврдиме дека продолжува имплементцијата на измените на Законот за служба во армијата, кои беа изгласани пред неколку месеци во Собранието. И со оглед на тоа да не се појават некакви недоразбирања, вчера одржавме конструктивна средба со претставниците на сите четири синдикати. Уште еднаш застанавме на она што беше претходно договорено. Дека од 1 ноември ќе следи покачувањето на платите на сите припадници на Армијата. И за воени и за цивилни лица, за околу 2000 денари, нешто над 2000 денари, согласно покачувањето на цените и она што се случува во економијата, појасни министерката.
Таа рече дека во изминатиот период на полето на придобивките или она што е подобрување на условите на припадниците на армијата, се направи многу.
– Меѓутоа, тоа не значи за нас дека треба да застанеме. Дијалогот со сите четири синдикати ќе продолжи во иднина. Мојата врата за нив е секогаш отворена, затоа што мислам дека само на тој начин, можеме да ги зголемуваме придобивките за сите страни во општеството, децидна беше Петровска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Алармантна состојбата со булинг во основните училишта
-
За една година, над 110 сообраќајки на истокот со повеќе од 170 повредни
-
Преглед на вестите од светот
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот