Свет
6. December 2015 - 10:23

Петнаесет лица загинаа во серијата самоубиствени напади во Чад

Петнаесет лица загинаа, а 130 беа повредени во серијата самоубиствени напади на островот Кулфуа во езерото Чад, соопшти државната телевизија на Чад.

Нападите ги извршиле четири лица кои се саморазнеле.

- Досега билансот е 19 загинати, вклучувајќи четворицата напаѓачи-самоубијци и 130 повредени, се наведува во кусата порака.

Извори од силите за безбедност соопштија дека четворицата бомбаши се жени. Две од експлозиите се случиле на пазар, а третата - на улица по која луѓето трчале по ескплозиите.

Се смета дека зад нападите стои исламистичката група „Боко Харам".

Претходно извори од силите за безбедност соопштија дека има над 30 загинати.