Петмина убиени во куќа во Сиетл, осомничено 15-годишно момче
Пет лица се убиени во куќа во близина на Сиетл, а за убиствата е осомничено 15-годишно момче, соопштија денеска властите на американската сојузна држава Вашингтон.
Двајца возрасни и три деца се убиени, а едно девојче е рането во престрелка во округот Кинг, соопшти полицијата.
Портпаролот на Одделот на Шерифот, Мајк Мелис, на местото на настанот изјави дека осомничениот е приведен без инциденти. Засега не е познат мотивот на злосторството, ниту дали сите инволвирани во овој трагичен настан се поврзани со семејството.
Полицијата добила повеќе повици за пукање во дом во Фол Сити, на околу 10 милји источно од Сиетл. Пред да пристигнат лекарите на местото на злосторството, на повредените им била укажана прва помош од соседот.
Осомничениот 15-годишен е приведен во малолетнички притвор и денеска или утре треба да се појави пред судот.
Ново на Сител
-
До Нова година мониторинг, а потоа строги казни за оние што не го почитуваат Законот за нефер трговски практики
-
Просечната нето-плата во август 41 097 денари
-
Приведен бегалец од затвор, осуден на казна затвор од осум години
-
Столе Попов добитник на наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот
-
Посетителка во Зоолошката градина побарала да се тестира за птичји грип
-
Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите, на сметка на тоа се јавно линчувани
-
Таравари: Работиме на децентрализација на Онкологија, да функционира како Институтот за трансфузиологија
-
„Левица“ поднесе кривична пријава против Африм Гаши за законот за бранители