Македонија
16. January 2024 - 16:17

Петличковски: Задолжително носење маски во здравствените установи и старските домови

Д-р Александар Петличковски по состанокот на КЗБ информираше дека сме во сезона на респираторни инфекции и се препорачува задолжително носење маски во здравствените установи, во домовите кои згрижуваат стари лица и од страна на персоналот и од страна на згрижените лица.

„Исто така, препорачуваме забрана на посетите во болниците и во домовите кои згрижуваат стари лица. Од останатите препораки до општата популација стои препораката за совесно делување за тогаш кога ќе се почувствуваат да користат маски, да избегнуваат останати гужви, затворен простор, бидејќи на тој начин може се заштитиме и да ги олесниме евентуално проблемите“, истакна Петличковски.