Петковиќ: Курти сонува за голема Албанија и за некакво признавање на Косово од Србија
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија при српската Влада, Петар Петковиќ, порача дека Србија не „плаши ни од поголемите насилници“ од (косовскиот премиер) Албин Курти, нагласувајќи дека тоа е одговорот на сите негови сонувања за голема Албанија и за некакво де факто или де јуре признавање од страна на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
-Србија е мирољубива, но не е слаба, и во минатото не се плашеше ниту од поголеми насилници од Албин Курти и ова е одговор на сите негови соништа за голема Албанија и некакво де факто или де јуре признавање од Србија, соопштија од Канцеларијата.
Петковиќ посочи дека косовскиот премиер Албин Курти е најголемата безбедносна закана за регионот и се додека тој е на позиција на моќ, никој на Западен Балкан нема да може да спие мирно.
-Белград е секогаш подготвен да разговара за мирно решавање на проблемите во регионот се додека постои надеж дека „насилното лудило на Курти“ и неговите истомисленици може да се заузда на овој начин, но никогаш не отстапувајќи пред заканите и да се согласи на тоа да неправдата може да се легализира со насилство.
Курти во Париз изјави дека Косово се соочува со безбедносни закани од странство, особено од Србија.
-Колку побрзо ги нормализираме односите со де јуре и де факто признавање, толку подобро за сите, заклучи Курти.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп