Петков и Јотова утре ќе ја посетат Битола
Премиерот на Бугарија Кирил Петков в сабота ќе ја посети Битола каде што ќе присуствува на свеченото отворање на клубот на Центарот за култура „Иван Михајлов“. Посетата на премиерот Петков е прва посета на бугарски премиер на Битола, соопшти прес-службата на бугарската Влада.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, пред почетокот на настанот Кирил Петков ќе разговара со претставници на бугарски здруженија во Република Северна Македонија. Во рамки на посетата, бугарскиот премиер и министри во Владата на Република Северна Македонија ќе го посетат далноводот Битола-Елбасан. Изградбата на далноводот претставува реализација на енергетскиот дел од Коридорот 8.
Во делегацијата предводена од премиерот на Бугарија Кирил Петков ќе бидат и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и нејзината заменичка Велислава Петрова.
Во Битола ќе биде и потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова. Таа во недела, на 17 април, ќе престојува и во Охрид каде што ќе го посети Дневниот центар за деца со аутизам, соопштија за МИА од нејзиниот кабинет. Проектот е финансиран од бугарската влада како дел од програмата на Министерството за надворешни работи „Бугарска развојна помош“. Јотова ќе присуствува и на отворањето на канцеларија на Здружението за толеранција и соработка „Хоризонти“.
Ново на Сител
-
Зеленски: Украина и испрати на Сирија 500 метрички тони пченично брашно
-
Прв случај на мпокс потврден во Косово
-
Собранието ќе ја одржи 28-та седница, ќе заседаваат и две комисии
-
Возач од Прилеп тешко повреден откако излетал од патот
-
Пиштол и 53 куршуми пронајдени кај лице од Сарај
-
БиХ: Си ја убил сопругата, па се пријавил во полиција
-
НБ: Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за унапредување на регулативата за идентификување системски значајни банки
-
Лавров: Двосмисленото однесување на Франција го поткопува дијалогот за мир во Украина