Петков: Бугарија во текот на јуни ќе има два брода со течен гас од САД
Бугарскиот премиер Кирил Петков по враќањето од САД најави дека во јуни неговата земја ќе има два брода со течен природен гас од САД, чија цена ќе биде малку под онаа на „Газпром“.
Ваквиот договор беше постигнат на разговорите меѓу бугарскиот премиер и американската потпретседателка Камала Харис на последниот ден од неговата посета на Вашингтон.
Како што дописникот на МИА од Софија го пренесува Петков, почнати се преговорите за долгорочен договор, што ќе биде директно меѓу американската компанија и „Булгаргаз“, без посредници.
-Природниот гас ќе се испорачува со брод, најверојатно преку терминалите на Грција или Турција, рече Петков.
„Цената е договорена и е далеку под пазарната цена во моментов“, рече Петков. Според него, важно е Бугарија да има најниски цени, а бугарскиот бизнис да биде конкурентен, да има диверзификација и Бугарија да биде сигурна дека испораките нема еднострано да запрат. Договорено е количество, што е конкретно за Бугарија и ја покажува поддршката од партнерите во САД“, изјави премиерот Кирил Петков.
Бугарија и натаму очекува количество гас од Азербејџан, се разговара одделно со други земји, никој да не мисли дека заменуваме еден снабдувач со друг, туку избираме најевтини цени од сите добавувачи, изјави бугарскиот премиер пшо враќањето од САД.
Ново на Сител
-
Најмалку 51 лице загинаа во монсунските дождови во Индија, 22 се водат како исчезнати
-
Две лица починаа поради топлотниот бран во Франција
-
Битолчанка лажно се претставила како вработена во МВР и измамила сограѓанин за 22 500 евра
-
Турските власти запленија 825 килограми хероин во операција во Адана
-
Без вода неколку улици во Скопје поради дефект
-
Жена нападната од мечка на шумски пат во тетовско
-
Електронски ќе се пријавуваат неправилности во здравството
-
Доаѓа топол бран - од утре до средината на следната седмица температури и над 40 степени