Македонија
16. September 2016 - 11:32

Петгодишно детенце се бори за живот, го згмечи БМВ додека возело велосипед

Вчера околу 16,30 часот во Куманово на ул.„11-ти Ноември“ пред влезот на „Тетовскиот Универзитет“, се случила сообраќајна незгода во која З.А.(1992) од с.Слупчане-Општина Липково, управувајќи патничко моторно возило „БМВ“ удрил во велосипедистот на возраст од пет години од Куманово.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешка телесна повреда, кој по укажаната лекарска помош во ОБ-Куманово, е префрлен во Ургентен центар-Скопје.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово.