„Петарди НЕ, безбедност пред се“, превентивни активности на МВР
Полициски службеници од Секторите за внатрешни работи Скопје, Битола, Струмица, Велес, Куманово, Штип, Струмица и Тетово во текот на вчерашниот ден (22.12.) најголем дел од своите превентивни активности ги фокусираа на реализацијата на заедничката кампања на МВР и Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија при КЦ „Мајка Тереза“, насловена како „Петарди НЕ, безбедноста пред се“, насочена кон младата популација- учениците во основните и средните училишта во насока на спречување на употребата на петарди и други пиротехнички средства, а во пресрет Новогодишните и Божикни празници.
Така, во средните училишта „Д-р Панче Караѓозов“и „Васил Антевски Дрен“ во Скопје, во „Др. Јован Калаузи“, „Јосип Броз Тито“, „Јане Сандански“, и „Таки Даскалот“ во Битола и „Наум Наумовски Борче“ во Крушево, потоа во средните училишта „Никола Карев“ и „Јане Сандански“ во Струмица, „Коста Сусинов“ во Радовиш и „Гоце Делчев“ во Валандово, како и „Перо Наков“ во Куманово беа спроведени работилници на кои што медицински лица и полициски службеници ги презентираа пред средношколците сите ризици и последици, вклучително и законските, од недозволената употреба на петарди и пиротехника. Воедно и во основните училишта: ,,Тошо Велков Пепето“ во Кавадарци, „Никола Карев” во Пробиштип, „Дедо Иљо Малешевски“ - Берово и „Ванчо Китанов“ во село Црник, пехчевско, како и во основните општински училишта „Конгреси Манастирит“ , „Тефејуз“, „Лирија“ и „Имри Елезит“ на подрачје на скопската општина Чаир денеска беа одржани работилници на истата тема со учениците од овие училишта.
Инаку, дополнително, во рамки на СВР Тетово беа организирани и средби со Советодавните групи на граѓани при локалните заедници во тетовско-гостиварскиот регион, иста така на тема незаконско употребување на пиротехника при прослави и веселби, а во Штип беше реализирана и превентивна активност од областа на заштита на граѓаните од имотни деликти.
Ново на Сител
-
Македонија и Малта ќе соработуваат за користење на ЕУ фондови за инвестиции во образование, наука, млади и спорт
-
Сиљановска-Давкова на Меѓународниот Астана форум 2025
-
Зидан сонува да стане селектор на Франција
-
Манчестер Сити објави големи промени во штабот на Гвардиола
-
Пау Кубарси е „Златно момче“: Дефанзивецот на Барселона прогласен за најдобар млад фудбалер во Европа
-
Челси по пресврт до титулата во Лигата на Конференциите
-
Рубио: САД ќе почнат да ги поништуваат визите за кинеските студенти
-
Федерален суд во САД ги блокираше царините наметнати од Трамп, тој веќе поднесе жалба на судската одлука