Македонија
5. September 2023 - 19:23

Петар Стојанов бара Македонија да не губи надеж за членство во ЕУ

Пораки за интреграција, но и за потреба од лидери кои ќе бидат посветени на мирот испратија поранешните шефови на државите од регионот на Форумот за културна дипломатија. Домаќинот на настанот, екс претседателот Иванов, ја потенцираше мокта на културата како средство за поврзување и дијалог меѓу нациите.

Меѓукултурниот дијалог е важен за сите земји, особено за балканските кои имаат крвава историја, посочи бившиот престедател на Бугарија, Стојанов. Тој истакна дека ЕУ е проект во кој државите треба да имаат да идентитет но треба и да живеат заедно и не смее да се дозволи конфликтите и сенките од минатото да надвладеат. Стојанов ја охрабри Македонија да продолжи кон ЕУ, посетувајки дека Бугарија иако е веќе членка се уште е во процес на реформи.

За екс претседателот на Србија, Тадиќ нема дилема дека интеграцијата на западен Балкан е неопходна во моментот кога украинската војна е фактор на дстабилизација.

И поранешените претседатели на Албанија и Хрватска, Топи и Јосиповиќ веруваат дека Европа ќе стане посилна и побезбедна само преку обединување со регионот.  Денешниот форум органзииран се одржува во рамките на Светскиот форум за демократија и мир којшто е петгодишен проект на Институтот за културна дипломатија од Берлин.