-->
-->
„Петар Пан“ на Боњо Лугов во Театар за деца и младинци
-->
Нова куклена претстава за деца „Петар Пан“, под режисерската палка на маестро Боњо Лунгов, ќе биде утре премиерно изведена во Театарот за деца и младинци - Скопје.
Претставата „Петар Пан“ говори за детето што никогаш не пораснува, за детето кое секој од нас сака да го задржи постојано во себе.
Директорот на Театарот за деца и младиници - Скопје Братислав Димитров, на денешната прес-конференција рече дека светот може да биде подобар, но никој не сака да почне прв.
- Ние ќе почнеме со оваа претстава и нема никогаш да престанеме. Тој што го заборавил, го поттиснал или не дај боже го убил детето во себе, тој е само формално човек. За жал нашата цивилизација и светот одамна го заборавиле своето детство, истакна Димитров.
Режисерот Боњо Лугов изрази задоволство да работи во овој театар со извонредни глумци нагласувајќи дека претставата има многу имагинација, хумор, песни и смеа преку кои гледачите ќе доживеат фантастични моменти во земјата Недојдија.
- Претставата зборува за детето што треба секој од нас да го чува. Секој од нас, ако некогаш се сети кога бил дете, ќе стане подобар. Кога можеш да леташ, дали во буквална смисла или не, летот е лет. Ти полетуваш со желба и енегрија да направиш нешто во животот. Во таа смисла куклениот театар дава можност човек да потоне во една таква атмосфера, рече Лугов, додавајќи дека посетителите ќе полетаат со хероите со помош на волшебниот прав и ќе се присетат на игрите од детството.
Текстот на претстава е во превод на Трајче Кацаров, музиката е на Михаил Шишков, а автор на кукли, сценографија и костимографија е Дилјана Прванова. Во претставата учествуваат Ненад Митевски како Петар Пан, Наташа Петровиќ како Венди, Мартин Јорданоски како Капетан Кук, Татјана Павловска Кочовска како Ѕвончица и многу други.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гостиварец собрал 760 евра за лекување, со измама му ги земале парите
-
Крвава драма во Тетово: Еден прободен
-
Убиена дива свиња пронајдена во багажник, кривична за две лица
-
Мицкоски: Не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми
-
АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа
-
Таравари: За приватните специјализанти ќе постапиме според интересот на болниците, над 10 доктори во Штип
-
Повеќе од 130 светски лидери следната недела на Генералното собрание на ОН