Свет
28. September 2022 - 11:40

Пет земји-членки на НАТО учествуваат во воената вежба во Унгарија

Повеќе од 1.200 војници од пет земји-членки на НАТО со употреба на тенкови, хаубици и борбени хеликоптери почнаа воени вежби во близина на Будимпешта, што ќе траат до крајот на септември. Во воената вежба Храбар воин 2022 учествуваат војници од Унгарија, САД, Италија, Словачка и од Хрватска, кои користат хеликоптери Апачи, тенкови Леопард 2, самоодни хаубици ПзХ-2000 и стотици на други возила.

– Ова е првпат во реална ситуација во Унгарија да се тестира нова борбена група на НАТО, наменета за дополнително зајакнување на источното крило на Алијансата. Тоа е една од четирите нови борбени групи на НАТО… За време на оваа вежба, припадниците на армиите на тие земји меѓусебно се запознаваат со оружјето, опремата и процедурите и вршат заеднички тактички активности со боево гаѓање битки, соопшти НАТО.

Маневрите се одржуваат на околу сто километри југозападно од Будимпешта на националниот воен полигон кај Варпалота, а јавноста во неколку градови е предупредена да очекува зголемена бучава поради прелетувањето на воените авиони. Воените вежби се одржуваат на околу сто километри југозападно од Будимпешта на националниот воен полигон кај Варпалота, а јавноста во неколку градови е предупредена да очекува зголемена бучава поради прелетувањето на воените авиони.

Унгарија учествува со повеќе единици, меѓу кои 25. пешадиска бригада, петта пешадиска бригада и 24. извидувачки баталјон. Италија е присутна со околу 260 лица од Тауринската алпска бригада, додека Армијата на САД учествува со дел од 502. пешадиски полк и хеликоптери пренесени од Романија. Американскиот авион пристигна на меѓународниот аеродром во Будимпешта на 25 септември и ќе остане во Унгарија до крајот на месецот.

Словачка е традиционален учесник на вежбите Храбар воин, а годинава учествува со 22. механизиран баталјон опремен со пешадиски борбени возила. Хрватска учествува со 60 лица од специјалните сили, воената полиција, тимот за контрадиверзантско и деминирање, штабни офицери и офицери за цивилно-воена соработка.

НАТО има осум борбени групи на своето источно крило.Четири се наоѓаат во трите балтички републики и во Полска, а по руската инвазија врз Украина беа активирани и во Словачка, Унгарија, Романија и Бугарија.