Loading Video...
Фудбал
7. January 2021 - 15:34

Пет гола во Билбао, за минимална победата на Барса над Атлетик

На заостанатиот натпревар од 2.коло на шпанската Примера одигран на „Сан Мамеш“ во Билбао, беа постигнати дури пет голови, а мечот заврши со минимална победа на Барселона над Атлетик со 3:2. 
 
Домаќините први поведоа во 3 минута со голот на Вилијамс, по што следуваат трио голови на гостите од Барселона. Педри во 14-тата израмни на 1:1, а потоа двапати погоди Лионел Меси, за на крајот (90-минута) Миниаин да го ублажи поразот. 
 
Барселона е на 3.место на табелата со пет бодови помалку од Реал, но 7 од водечкиот Атлетико кој има и два меча помалку од противниците.