-->
-->
Пет бебиња се родија во Кавадарци, а првото е машко
-->
Машко е првото родено бебе оваа година во Општата болница во Кавадарци. Станува збор за прворотка која со помош на царски рез на свет донесе здраво машко дете.
Во текот на вчерашниот ден во оваа болница се родија пет бебиња. Две бебиња се родени со помош на царски рез, а три спонтано.
- Во 2016 година во оваа болница се регистрирани 478 новороденчиња. Евидентирани се доста треторотки од неколкуте општини од Тиквешкиот регион, со оглед на тоа што овде се породуваат главно трудници од Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија, информираше денеска докторот Бранко Попов, началник на гинеколошкото одделение.
Попов соопшти дека најмладата мајка од тие што се породија вчера и тоа спонтано, има само 14 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати