Песната „Happy Birthday“ им припаѓа на сите луѓе
Популарната песна „Happy Birthday“ сега и официјално им припаѓа на сите луѓе во светот.
Судијата од судот во Лос Анџелес пресуди дека песната претставува јавно добро и со тоа го одби барањето на компанијата Warner Musi и понатаму да и се признаваат авторските права на оваа песна.
Окружниот суд одлучи дека песната му припаѓа на светот. Со тоа завршена е оваа двегодишна правна битка на неколку фирми и мегакомпании.
Корените на песната се постари од еден век. Во 1893 година, композиторката од Кентаки, Милдред Хил и нејзината сестра Пети, учителка во градинка, заедно ја компонирале песната, оригинално насловена „Good Morning to You“. Тие ја пееле во различни прилики. Така, на една роденденска забава во Кентаки настана верзијата „Happy Birthday to You“ која со децении подоцна ќе стане дел од американската поп култура.
Варнер стекна авторски права на песната во 1935 годна и ги обнови во 1963 година.
Ново на Сител
-
Дождот добредојден за земјоделството, се препорачува примена на агротехнички и превентивни мерки
-
Почина малолетник во сообраќајна несреќа на патот Куманово - Крива Паланка
-
Влада: Приоритет е подобрувањето на здравствениот систем, здравствената заштита, услугите за пациентите
-
Раководството на Реал Мадрид незадоволно од настапите на тимот
-
Вавринка со историско достигнување
-
В недела локални избори во Босна и Херцеговина
-
ПСЖ ќе се обиде да го привлече Салах со тригодишен договор
-
Мицкоски, Агелер и Мисајловски на методско-показна вежба на „Криволак“