Песков: Русија се согласува војната во Украина да не прерасне во замрзнат конфликт
Русија се согласува со Западот дека украинската војна не треба да прерасне во замрзнат конфликт и ќе продолжи да ги остварува своите цели во Украина, изјави за Тасс портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
На прашањето дали Русија го дели мислењето на Западот дека не треба да се дозволи воениот конфликт во Украина да замрзне, тој одговори дека Русија го поддржува тоа.
Песков кажа дека Русија ги разгледува само опциите за завршување на „специјалната воена операција“, како што Москва ја нарекува инвазијата врз Украина, и таа да ги обезбеди своите интереси и да ги постигне своите цели или за време на специјалната воена операција или со други достапни средства.
Портпаролот на Кремљ нагласи дека е премногу рано да одговори кој од предложените патокази би бил пожелен за Русија, а, исто така, не сакаше да коментира дали Москва има свој план за примирје.
-Рано е да се зборува за тоа. Очигледно се уште нема предуслови за мировниот процес. Специјалната воена операција продолжува, рече Песков
Германскиот канцелар Олаф Шолц претходно најави дека мировните преговори за завршување на војната во Украина не треба да бидат насочени кон замрзнување на конфликтот, а слично мислење изразија и другите западни лидери, како и властите во Киев.
Ново на Сител
-
Шест измами за наводни сообраќајни несреќи во Куманово од почетокот на годинава
-
Кривична за велешанец кој провалил во куќа и украл пари и мобилен телефон
-
Сообраќајна несреќа на патот Битола - Прилеп, повредени 5 лица
-
Николоски: Трасирањето на Коридор 8 е надлежност на Бехтел и Енка, за проблемите Владата праќа молби до нив
-
Мицкоски очекува зајакнување на односите со Берлин по победата на ЦДУ/ЦСУ
-
Битиќи: Владејачкото мнозинство ги одби законите за намалување на ДДВ на струја и храна
-
Некои од ланците, за жал одлучуваат да водат политичка борба против политичка влада, порача премиерот
-
Таравари: Процесот на реновирање на хируршките сали и на КАРИЛ ќе се одвива координирано и пациентите нема да трпат