Песков: Русија ќе ја прекине офанзивата за само еден ден, но кога Украина ќе капитулира
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија ќе ја прекине офанзивата во Украина кога украинските власти и армијата ќе капитулираат.
-Украинската страна може да го прекине конфликтот за само еден ден. Треба да им нареди на националистичките единици да го положат оружјето, да им нареди на украинските војници да го положат оружјето и да ги спроведат сите услови дадени од Русија. Тогаш сè ќе биде готово за еден ден, изјави Песков.
Тој додаде дека Русија не поставила никаков фиксен рок или датум и дека се ориентира според изјавите на нејзиниот претседател.
Песков увери дека „специјалната воена операција“, како што Русите го нарекуваат нападот врз Украина, се одвива според планот.
Тој реагираше на изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски пред лидерите на Г7, кога ги повика да дадат се од себе до пред крајот на годината да стават крај на конфликтот што ја распаѓа неговата земја.
Ново на Сител
-
Две лица повредени во вооружен инцидент во трговски центар во Малме
-
Русија привремено ги запира испораките гас за ЕУ преку „северен ток“
-
Нов пакет американска воена помош за Украина
-
Американската амбасадорка Брнз и градоначалникот Ганиу го промовираа плоштадот „Вудро Вилсон“ во Општина Чаир
-
Во Центар Жупа правото на глас го остварија 29 болни и немоќни лица
-
Рускиот регулатор ги казни ТикТок, Телеграм, Зум, Дискорд и Пинтерест
-
Започна 13. издание на фестивалот „МакеДокс“, вечерва почнува програмата „Земја во фокус“
-
Кривична пријава за правен субјект и четири физички лица за криумчарење на 7000 килограми канабис