-->
-->
Песков: Путин е информиран за нападот во концертната сала
-->
Рускиот претседател Владимир Путин е информиран за терористичкиот напад во Москва „штом се случил“, а бил информиран од надлежните служби, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков додаде дека Путин ги издал „сите потребни инструкции“ во врска со вечерашниот вооружен напад во концертната сала „Крокус сити хол“, во кој загинаа најмалку 40 лица.
Шефот на руското Министерство за внатрешни работи Владимир Колоколцев е на местото на терористичкиот напад во Крокус.
Горните катови на Крокус Сити Хол речиси целосно изгореа, а социјалните мрежи се преплавени со снимки од уривање на покривот на салата.
Локалните медиуми јавија и дека почнал да се урива и покривот на трговскиот центар кој бил зафатен од пожарот
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници