-->
-->
Песков: Неосновани се тврдењата за хакерски напади врз американскиот изборен процес
-->
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека нема смисла да ги коментира американските тврдења за вмешаноста на Москва во хакерските напади врз базата на податоци на избирачите во американските сојузни држави Аризона и Илиноис.
- Тврдењата се неосновани и не се втемелени на ништо. Не се покажани никави факти, рече Песков пред новинарите, пренесе ТАСС.
Тој додаде дека Кремљ смета дека на тие тврдења воопшто не треба да им се посветува внимание.
Американските медиуми денеска пренесоа дека ФБИ ги предупредува американските официјални лица да ја зацврстат „изборната безбедност“ во светло на доказите дека хакери ги нападнале базите на податоци на избирачите во две сојузни држави.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кинеските инсфраструктури и нивното влијание
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Превирања помеѓу народот и црквата
-
Заврши истрагата за 46 осомничени за пожарот во “Пулс”
-
Евалуацијата на повредените во “Пулс” ќе заврши до крајот неделата – досега прегледани 140 пациенти
-
Бугарија со нова резолуција за Македонија- македонците партии лобираат кај сестринските партии