Пешевска: Жените мора да добијат уште поголема улога во градење на општеството
Во вечерашното издание на вестите на Сител телевизија во 19ч гостуваше претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска која зборуваше за родовата еднаквост, како и за правата на жените во секојдневното живеење.
Пешевска потенцираше дека жените веќе 70 години имаат заштитени права согласно донесените уредби од Обединетите Нации, но тоа не значи дека жените се сразмерно етаблирани и вклучени во општеството, а тоа не смее да се дозволи. Унијата на жени na ВМРО-ДПМНЕ како организација во која членуваат само жени, се бори за правата на жените и секојдневно се вклучува во работата и одлуките кои ВМРО-ДПМНЕ ги донесува, истакна Пешевска.
Во однос на случајот со "Јaвна соба" Пешевска потенцираше дека одделението за сајбер криминал мора да реагира согласно нивните расположливи средства, бидејќи доколку се дозволуваат вакви случаи и во иднина, Македонија ќе стане место каде детската порнографија ќе демне насекаде, а жртва ќе бидат нашите деца.
Институциите мора да бидат ревносни при работата и да донесуваат одлуки согласно реалните докази кои се приложени, а потоа сите оние кои што се обидуваат на таков начин да ги омаловажат и дискредитираат жените, да одговараат кривично пред законот и да сносат последици, вели Пешевска.
Изминатите години бевме сведоци на случаи каде што жена беше претепана, а напаѓачите добија мали казни кои се безначајни во однос на направеното дело, како и оној случај каде што пајак за возила "удри" жена, а законот не постапи како што треба. Оттука треба да се прати порака дека такви работи не смеат да се случуваат, без разлика на кого се однесуваат и кој е жртвата. Жената е жена и заслужува почит и заштита, заврши Пешевска.
Ново на Сител
-
Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета
-
Убиен војник во престрелка меѓу египетската и израелската војска кај Рафа
-
Седница на Извршниот одбор на СДСМ за предвремените внатрепартиски избори за ново раководство
-
ДИК го одби приговорот од „Европски фронт“ за изборното место во Ларце
-
Скопската вода добра за пиење, покажуваат најновите испитувања
-
Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива
-
Скопјанец ограбен во Градски парк
-
Пронајдено 14-годишното девојче по кое се трагаше три дена