-->
-->
Пешак удрен во скопски аеродром - возачот избегал
-->
Автомобил удри пешак во скопската населба Аеродром. Како што информираат од МВР, вчера околу 14,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булеварот “Јане Сандански“ товарно моторно возило “Фолксваген транспортер“ со скопски регистерски таблици управувано од Б.Т.(31) од Скопје (кој по незгодата со возилото го напуштил местото на настанот) удрил во пешак Л.М.(66) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот која со возило била пренесена во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ и задржана на понатамошно лекување.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло
-
Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол