-->
-->
Пешак прегазен на паркинг
-->
Загина пешак откако на паркинг бил удрен од камион.
- На 28.02.2024 во 12.25 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на паркинг простор на улица „ЈНА“ во Неготино, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.З.(27) од село Глумово, општина Сарај, удрило во пешакот С.Т.(78) од Неготино, соопшти МВР.
Од здобиените повреди С.Т. починал на местото. Лекар од Итна медицинска помош Неготино констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две деца загинаа при уривање на двокатната зграда во Неапол
-
Обилните снежни врнежи го блокираа сообраќајот во Јужноафриканската Република, една жена почина
-
Лавров: Русија е подготвена за војна со НАТО на Арктикот
-
Усвоен планот за реформи на ОН на самитот, и покрај руската опструкција
-
Либански пратеник член на Хезболах: Војната со Израел влезе во нова фаза
-
Средба Муцунски – Герапетритис утре во Њујорк
-
Опожарени два автомобила во Скопје, еден оштетен од огнено оружје
-
Без струја утре дел од општина Кисела Вода