Перез преживеа страшна несреќа
Возачот на Форс Индиа, Серхио Перез, имаше страотна несреќа за време на првиот тренинг во пресрет на трката за Големата награда на Унгарија, но за среќа мина непоевреден.
Мексиканецот во моментот кога излегуваше од свиокот бр:11 загуби контрола врз задниот дел од болидот, потоа тој се изврте на патеката удри во заштитната ограда. Ударот повотрно го врати на патеката, а бидејќи едно тркало од ударот беше под болидот, возилото едноставно полета и се сврте во воздухот за 180 степени.
За среќа Перез веднаш излезе од болидот, веднаш беше однесен на медицински прегледи, а по само 15-тина минути се појави во боксот на Форс Индиа.
Најбрзо време на првиот тренинг на патеката „Хунгароринг“ забележа актуелниот првак, возачот на Мерцедес Луис Хамилтон, додека една десетинка послабо време забележа Нико Розберг.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец