Фудбал
27. April 2021 - 11:07

Перез не се помирува со неуспехот?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, не може да го прежали неуспехот што го доживеа Суперлигата. Перез не се откажува и продолжува да ги истакнува негативните финансиски ефекти за неговиот клуб од неуспехот на овој проект.
 
Со пропаѓањето на Суперлигата, според Перез, пропаднале и шансите Реал во блиска иднина да ги реализира трансферите на Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.
 
„Мбпае и Халанд? Без Суперлигата не можеме да ги донесеме. Никој не може да ги донесе, не само ние“, рекол Перез.
 
„Без Суперлигата, финансиски не може да им се конкурира на клубовите држави“.
 
Со оваа изјава тој го впери прстот во ПСЖ, чиј сопственик е државата Катар.