Пердју: Северна Македонија ја одразува реалноста и историјата
Името Република Северна Македонија одлично звучи и ја прикажува реалноста и историјата во регионот, рече поранешниот американски специјален пратеник на Балканот и Џејмс Пердју денеска на 98. Рос Рот семинар посветен на Евроатланската интеграција на Западен Балкан:зајакнување на Европскиот мировен процес.
Според Пердју, грчкиот и македонскиот премиер Алексис Ципрас и Зоран Заев покажале голема политичка храброст за Договорот за името кој, како што посочи, ќе ја промени насоката на движење на македонската нација и целиот регион.
Тој ја поздрави и синоќешната одлука на министерскиот совет во Луксембург за почнувањето преговори на Македонија со ЕУ.
Пердју, кој беше претставен како еден од клучните говорници на семинарот, во своето обраќање ја ословуваше Република Македонија како Република Северна Македонија.
Прашан за позицијата на сегашната админстрација на САД во однос на приемот на Македонија во НАТО, Перјду рече дека ставот на Вашингтон за тоа е ист и конзистентен од 2008 година.
- Поддржуваме членство во НАТО и не гледам причина зошто таквиот стави би се сменил, истакна Џејмс Пердју.
Ново на Сител
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благица Петрески, Фајнанс Тинк
-
„Марш за ангелите“ во Кочани