Пердју: Македонија е суверена држава и повеќе не треба да се вознемирува
Македонија е суверена држава и повеќе не треба да се вознемирува или командува, ова во интервју за Бугарското национално радио (БНР) го изјави поранешниот амбасадор на САД во Бугарија, Џејмс Пердју, кој е и еден од посредувачите во разговорите за Охридскиот договор.
На прашањето дали спорот меѓу Софија и Скопје е голем проблем за Вашингтон, тој одговори дека тоа е големо разочарување.
-Верувам дека е во интерес на Бугарија да биде чувар за каузата на Република Македонија да постигне членство во ЕУ. Колку на некои луѓе да не им се допаѓа, тоа е суверена држава и повеќе не треба да се вознемирува или командува, откако веќе го реши спорот за името со Грција. На Република Македонија и на Бугарија многу повеќе им прилега да бидат блиски сојузници отколку да се караат околу историјата, рече Пердју.
Тој додаде дека „Русија одлучи да го претвори Балканот во зона на стратешка битка за влијание со САД и нивните сојузници“.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата