Пердју: Македонија е суверена држава и повеќе не треба да се вознемирува
Македонија е суверена држава и повеќе не треба да се вознемирува или командува, ова во интервју за Бугарското национално радио (БНР) го изјави поранешниот амбасадор на САД во Бугарија, Џејмс Пердју, кој е и еден од посредувачите во разговорите за Охридскиот договор.
На прашањето дали спорот меѓу Софија и Скопје е голем проблем за Вашингтон, тој одговори дека тоа е големо разочарување.
-Верувам дека е во интерес на Бугарија да биде чувар за каузата на Република Македонија да постигне членство во ЕУ. Колку на некои луѓе да не им се допаѓа, тоа е суверена држава и повеќе не треба да се вознемирува или командува, откако веќе го реши спорот за името со Грција. На Република Македонија и на Бугарија многу повеќе им прилега да бидат блиски сојузници отколку да се караат околу историјата, рече Пердју.
Тој додаде дека „Русија одлучи да го претвори Балканот во зона на стратешка битка за влијание со САД и нивните сојузници“.
Ново на Сител
-
Ванчо Михајлов и Цар Борис може – Македонија е забрането име за невладини
-
Бегалецот од Сирија кој беше повреден во сообраќајка е негативен на мајмунски сипаници
-
Здравствените власти трет ден не можат да го тестираат сомнителниот случај за мајмунски сипаници
-
Забранет пристап за медиумите во манастирот Св.Прохор Пчински
-
Како централен регистар го регистрира здружениeто „Цар Борис Трети“ без мислење од Министерството за правда
-
Тема на денот со претседателот на ССМ Дарко Димовски
-
Утре во Скопје започнува ЕП за кошаркари до 16 години
-
Барди: Во Трабзонспор ќе се го остварам сонот да играм во Лигата на шампионите