Пепе го одбил Ливерпул поради една причина
Никола Пепе, кој вчера и официјално стана рекордна аквизиција во историјата на Арсенал, ја одби понудата на Ливерпул, бидејќи менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп не му ветил место во стартните 11, иако Германецот имал огромна желба да го привлече крилото. Ова е тврдење на „Сан“, повикувајќи се на француски извори.
Минатата недела тимот објави дека Лил ги прифатил понудите на четири клуба, оставајќи го сам Пепе да го направи својот избор. Сега е јасно дека три од овие клубови се Арсенал, Ливерпул и Наполи. Постојат различни шпекулации за тоа кој е на четвртото место, а различни извори ги споменуваат Интер, Атлетико Мадрид, Баерн (Минхен), Манчестер Јунајтед и Париз Сен Жермен.
На крајот, Арсенал ја доби битката откако ги исполни условите и на агентите на Пепе и на самиот играч. Покрај тоа, таборот на фудбалерот оцени дека трансферот на „Емирати“ е стратешки најдобар, иако во моментов „топџиите“ не можат да му понудат на Пепе шанса да учествува во Лигата на шампионите.
Ново на Сител
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска-Давкова ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим
-
Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
-
Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД
-
Љупчо Димовски реизбран за претседател на СПМ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да ја преиспита улогата на Филипче