-->
-->
Пеп останува во Баерн
-->
Шпанскиот тренер, Пеп Гвардиола, ќе го продолжи договорот со минхенски Баерн, пренесуваат германските медиуми.
Според истите извори, Гвардиола, ќе потпише нов двегодишен договор и и ќе добие зголемување на платата од пет милиони евра, што значи дека со новиот договор годишно ќе заработува по 24 милиони евра.
На поранешниот тренер на Барселона договорот со Баерн му истекуваше на крајот од сезоната, интерес за неговите услуги покажуваа неколку екипи од Премиерлигата, пред сите Манчестер Сити.
Гвардиола во Баерн дојде во 2013 година и со Баварците освои две титули во шампионатот и една во Купот на Германија, а се радуваше и на трофеите на Светското првенство за клубови и Суперкупот на УЕФА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Камен темелник на Ветерниот парк во Штип
-
Вреди: Во Струга имаме сигурен кандидат
-
Арпата од ланската реколта ќе се откупува за стокови резерви
-
Бројни културни манифестации за привлекување туристи
-
Преглед на вестите од светот
-
ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
-
Градежниците - Најдефицитарен кадар во земјава, недостигот се увезува од странство
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори