Ровета е со спротивно мислење и тврди дека персонал го занемарил Рамоњино и ја потценил тежината на неговата состојба. Како доказен материјал се нуди снимката од болницата на која јасно се гледа дека пензионерот во болнциа дошол на 1 мај во 10 часот, накратко го напштил одделението за итни случаи во 13.36 и се вратил таму во 13.41.
„ниту еднаш за тоа време не се оддалечил од одделението за итни случаи. Накратко излегол и се вратил за 5 минути. Ова е голем пропуст и ќе бараме истрага. Не знам дали можел да биде спасен, но сосема е согурно дека не добил соодветна медицинска помош. Тоа не се сличило ниту тогаш кога еден болничар го нашол онесвестен во тоалетот“, рече адвокатот поткрепувајќи ги своите докази со снимките од бездомници кои во тој момент се наоѓале во чекална со него и кои се обидувале да го привлечат вниманието од лекарите.
На снимките се гледа на 2. мај во 7 часот Рамоњино се уште бил жив. Болничкиот персонал реагирал 2 часа подоцна, и тоа по реакција на еден од пациетните кои биле во чекалната, само за да го прогласат за мртов во 9.43 ч.
„Го помешаа со еден од многуте бездомници кои спијат во болницата и затоа не сакале да му пружат помош“, рече адвокатот.