Балкан
18. February 2020 - 14:51

Пензиите во Словенија пораснаа за 3,2 отсто

Пензиите во Словенија овој месец ќе бидат за 3,2 отсто повисоки во споредба со минатиот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Ова покачување е резултат на таканареченото порамнување, а Фондот за пензиско осигурување за оваа намена одви 1.720.000 евра. Така, оние кои добиваат пензија во висина од 600 евра, овој месец ќе добијат 19,20 евра повеќе и нивната пензија ќе изнесува 619,20 евра.

Следното зголемување на пензиите е предвидено кон крајот на годината. Тогаш пензиите ќе се зголемат за дополнителни 6,50 евра.