Пентагон: Нема знаци дека Русија користи ласерско оружје во Украина
Пентагон вчера соопшти дека нема индиции дека Русија користела ласерско оружје во Украина, по тврдењата од Москва дека таму почнала да користи нова генерација на моќни ласери за уништување на непријателски беспилотни летала.
-Немаме индикации за употребата на ласери, а не, пак, за ласерско оружје во Украина. Нема потврда за тоа, рече портпаролот на Пентагон Џон Кирби на брифинг.
Рускиот вицепремиер задолжен за воен развој, Јуриј Борисов, на почетокот на неделава изјави дека Москва развила нова генерација ласерско оружје што ги палела нејзините цели, прототип наречен „Задира“ што се користи во Украина.
Во јавноста речиси ништо не се знае за „Задира“, но во 2017 година руските медиуми објавија дека државната компанија за нуклеарна енергија „Росатом“ помогнала во развојот на овој тип оружје.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на потсмев ги спореди извештаите за руските ласери во Украина со таканареченото чудесно оружје што нацистичка Германија го претстави во обид да го спречи поразот во Втората светска војна.
-Сведоци сме дека во третиот месец од целосната војна, Русија се обидува да го пронајде своето „чудесно од оружје“. Ова јасно го покажува целосниот неуспех на нивната мисија, рече Зеленски во средата.
Ново на Сител
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“