Пенс и Ципрас разговарале и за прашањето за името на Македонија
Прашањето за името била една од темите за кои синоќа во Вашингтон разговараа грчкиот премиер Алексис Ципрас и американскиот потпретседател Мајк Пенс, јавуваат грчките медиуми, повикувајќи се на извори од премиерскиот кабинет.
На средбата, грчкиот премиер „јасно ставил до знаење дека соседната земја треба да преземе конкретни чекори за да оди напред и да стане членка на НАТО“. Ципрас, исто така, истакнал дека САД може да игра важна улога на страната на Македонија, со цел земјата да преземе неопходни чекори во насока на решавање на прашањето за името.
На средбата била повторена и американската и грчката поддршка за евроатлантскиот пат на Македонија, како и за нејзиниот народ.
Пенс, во името на САД, ја потврдил цврстата позиција на неговата земја за евроатлантскиот курс на Македонија, „за кој смета дека е многу важно да продолжи и целосно ја признава важноста на решавањето на прашањето за името“.
На средбата меѓу Ципрас и Пенс немало никакви изненадувања во дебатата за Македонија, ниту бил извршен некаков притисок, истакнале изворите од кабинетот на грчкиот премиер.
Ново на Сител
-
Македонските одбојкари поразени и од Чешка во Европската златна лига
-
Црвена ѕвезда ја освои АБА лигата
-
Одбележување на Денот на македонските пожарникари - 20 Мај
-
Во Мексико девет лица загинаа во два напада врз кандидати за локалните избори
-
Ирански државни медиуми: Претседателот Раиси загина во хеликоптерска несреќа
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно со повремен дожд, попладне услови за краткотрајно невреме
-
Манчестер Сити четврти пат по ред шампион на Англија