Пенов: Блокадата на автобуските превозници во Скопје нанесува огромна штета на граѓаните
– Блокадата на автобуските превозници во Скопје нанесува огромна штета на граѓаните. Секој по половина час најмалку во денот вози повеќе, троши гориво, се губат работни часови, се губат бизниси што е огромна штета за граѓаните, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, одговарајќи денеска на новинарско прашање во Струмица.
Додаде дека не може да каже кои мерки ќе се преземат, но состојбата се следела.
-Непријатна е, големи штети трпат граѓаните заради, па можам да речам, некакво самоволие кое е присутно на улиците во Скопје. Ние доаѓајќи накај Струмица едвај излеговме од Скопје, непотребно. Тој протест треба да биде насочен кон тие што го креираат или тие што мислат дека го креираат. А вака, штетата ја плаќаат граѓаните, истакна министерот Пенов.
Ново на Сител
-
За еден месец ќе проработи онколошката амбуланта во ГОБ „8-ми Септември“, за акцелераторот треба време
-
Се бара одземање на лиценцата на 2 друштва за игри на среќа
-
Ахмети осамен во идејата за меѓуетничка платформа
-
Избори во САД
-
Преглед на вести од светот
-
Ангелов: Непристапниот терен е голем проблем при гаснењето
-
Заврши мисијата на Србите кај нас, Македонија продолжува да се бори со пожарите
-
Тема на денот со Кире Михаилов, заменик генерален директор на Национални шуми