Ракомет
17. April 2018 - 19:37

Пенезиќ: Играме против силен тим

„Ми беше сеедно кого ќе го добиеме, можеби не сакав да играме со ЦСМ Букурешт затоа што ќе биде третпат против нив. Мора да играме добро на отворањето на Ф4 и да бидеме моќни. Дефинтивно, Ростов е добар тим. Имаат квалитетни играчи. Не очекува доста тежок натпревар. Проблем е затоа што не сме играле со Ростов оваа сезона и не знаеме како играат во елитата. Нашата пресметка е прва. Ростов со прво учество на Ф4 е гладен за успеси, но ние сме уште погладни. Ги имаме најдобрите навивачи на светот, се збогуваме со нив, се надевам ќе дојдат на Ф4 и ќе не поддржат во обидот да ја освоиме Лигата на шампионите“, изјави Пенезиќ.