Пендиков не се плаши од заканите, рочиштето повторно одложено
Пендиков дојде на судењето во Охрид,но на самиот почеток поради тоа што адвокатот на обвинетиот Спaсески ја напушти седницата рочиштето се одложи за 12 јули.
Причина за одложување е новиот доказ против обвинетиот Илија Спасевски, кој Обвинителство го достави до судот.
Одбраната побара повеќе време за проучување на доказот, но откако судијата тоа не го дозволи, адвокатите на обвинетиот ја напуштија салата, а судењето без нив не можеше да продолжи.
Христијан Пендиков застана пред новинарите, и наспроти претходните тврдења дека се плаши да се врати во Македонија, сега порача дека не се плашел но на прашањето дали беше непходно од неговиот случај да се прави политика –одби да одговори, неговиот бранител не му дозволи да зборува многу, но потврди дека на следното рочиште ќе дојде да даде исказ.
Пендиков изјава даваше и пред охридското Обвинителство кое води постапка и против битолчанец, за нападот врз него. Тој дојде од Бугарија откако таму беше однесен со специјален авион на лекување. Во меѓувреме, доби и бугарско државјанство со највисоки почести.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар