-->
-->
Пендаровски-Соботка: Безрезервна австриска поддршка за европската перспектива на земјава
-->
ж
Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на Националниот совет на Парламентот на Република Австрија, Волфганг Соботка, информираат од Кабинетот на претседателот.
Воедно во соопштението од Кабинетот на претседателот Пендаровски, се вели дека на оваа средбата биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Австрија, при што беше оценето дека двете држави негуваат одлични билатерални односи во повеќе сфери од заеднички интерес.
Претседателот Пендаровски, во оваа прилика изразил очекување за натамошно интензивирање на соработката меѓу парламентите на двете држави, како важен аспект во јакнењето на меѓудржавната соработка.
Исто така на средбата претседателот Пендаровски ја истакна важноста на силната, безрезервна и принципиелна австриска поддршка за европската перспектива на Македонија и на регионот. Во тој контекст, претседателот Пендаровски изрази очекување дека наскоро, по донесувањето на новата методологија за водење на пристапни преговори, ќе биде одреден датум за почетокот на пристапните преговори за членство во Унијата, што е во интерес на стабилноста на регионот и на Европската Унија.
Претседателот Пендаровски и претседателот на Националниот совет на австрискиот парламент, Соботка, разменија мислења и информации и за актуелните состојби во регионот, како и за предизвиците што произлегуваат од нелегалната миграција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Родителите на четворица британски тинејџери го тужат ТикТок поради смртта на нивните деца
-
За поубав сон: Скандинавски начин на спиење
-
Урсула фон дер Лајен и Туск: Шверцерите, Лукашенко и Путин нема да одлучуваат кој ќе влезе во Европа
-
Единаесет килограми опиум пронајдени во Велес, истрага за недозволена трговија со дрога
-
Утре студено со утринска магла по котлините
-
Татко пријавил дека малолетници ја допирале неговата ќерка во автобус на ЈСП, еден од нив и се соблекол пред неа
-
80-годишна жена од Скопје измамена за сума од 615.000 денари, и кажале дека нејзината ќерка прегазила дете
-
Стабилно и суво време за викендот, снег се очекува наредната седмица