Пендаровски со завршна кампања во Охрид: Гласајте за мене, за мир, стабилност и економија
Кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски денеска имаше средби со жителите на Дебрца, Вевчани и Лабуништа.
– Мојот концепт е за заедништво, заеднички живот во европска и напредна земја. Мојот слоган е „Заедно напред“. Само така можеме да просперираме, а не еден по еден. Јас не правам разлика по верска и етничка припадност. Нашиот концепт „Едно општество за сите нас“ затоа што сите сме исти и мора сите да ги уживаме правата кои ни припаѓаат, рече Пендаровски од Лабуништа.
Тој рече дека опцијата што ја нуди опозицијата и кандидатката Силјановска е опција за враќање назад кон изолација, поделби, неизвесност, запирање на почнатиот напредок на земјата и изрази уверување дека граѓаните го препознаваат тоа и ќе изберат напредок.
На средбата со жителите на Дебарца, Пендаровски порача дека отворените перспективи кон ЕУ и НАТО, носат економски придобивки за развој нашата држава и сите граѓани.
– Во 2018 година, само по добивањето на поканата за НАТО, во државата влегоа 625 милиони евра странски инвестиции, што е двојно повеќе од најдобрата година на таканаречениот реформатор Груевски. Тоа дополнително ќе се инетнзивира по влезот во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ, истакна Пендаровски.
Повика на максимална излезност на претседателските избори в недела, на 21 април, а потоа и на 5 мај.
– Тргнаа работите. Добивме покана за НАТО и ако продолжиме со реформскиот процес ќе добиеме датум за почеток на преговори во јуни. За две години постигнат е голем успех бидејќи има политичари водат сметка за народот. Затоа е важно напредокот да продолжи, порача Пендаровски од Вевчани.
Ново на Сител
-
Дел од српската опозиција за „Данас“: Владата ја направи безбедноста фарса
-
Венко Филипче избран за нов претседател на СДСМ, реакции од другите двајца кандидати | ВИДЕО
-
Активни пожари во струмичко и прилепско
-
Од денеска струјата по нова, минимално зголемена цена
-
Српски полицајци во заеднички патроли со црногорски колеги на приморјето
-
Осумнаесет израелски војници ранети во напад на дрон извршен од Хезболах
-
Екстремната десница извоjува историска победа во првиот круг од парламентарните избори во Франција
-
Многу топло со температура до 39 степени, од утре дожд