-->
-->
Пендаровски на средба со МАСИТ
-->

Комората на ИТ секторот МАСИТ достави неколку барања до претседателот Пендаровски за да го поддржи развојот на овој сектор.
Бараат да се направи технолошки парк кој ќе треба да ги поврзе компаниите, институциите и образовните институции. Да заживее економската дипломатија внатре и надвор од државата, која според нив во моментот мртва поради лошата кадровска политика.
Бараат и да се направат услови за младите да останат во државата. Велат дека кога еден студент ќе ја добие дипломата, вратите во Европа му се отворени и со македонски пасош.
Побараа и ИТ секторот да се третира како стратешки сектор.
Пендаровски рече дрка ќе формира економски тим од практичари кои доаѓаат од реалниот сектор кој ќе има за цел да донесе документ "Македонија 2030". Овој документ ќе има за цел да ги постави приоритетите за развој на економијата, а со тоа и ИТ секторот.
Им посочи аргументирано да го информираат доколку се носи закон кој директно ги засега и е лош за нив. Во таков случај, вети дека нема да ги потпишува тие закони и ќе бара да се променат.
Даниел Василев
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта