Македонија
9. December 2021 - 8:42

Пендаровски ќе се обрати на пленарна сесија на Самитот за демократија во организација на американскиот претседател

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на пленарната сесија на Самитот за демократија што се одржува виртуелно во организација на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден.

На дводневниот самит ќе учествуваат шефови на држави и влади, владини претставници, претставници на меѓународни и граѓански организации, како и од приватниот сектор.

Целите на Самитот се поттикнување на заложбите и иницијативите за јакнење на демократијата и одбрана од авторитаризам, борба против корупцијата и промовирање на почитувањето на човековите права, како и претставување на предизвиците со кои се соочува демократијата на глобално ниво и во земјите-учеснички, вклучително и во Соединетите Американски Држави.