Пендаровски ја почна официјалната посета на Полска
Со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска ја почна официјалната посета на Полска. Тој беше пречекан од претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда.
По тет-а-тет средбата на претседателите Пендаровски и Дуда, делегациите на двете држави одржаа пленарен состанок на кој се потврдија искрените пријателските односи и политички дијалог. Полска е постојан поддржувач на нашите евро-атлантски интеграции и за време на посетата на претседателот Пендаровски се очекува да биде реафирмирана поддршката за Северна Македонија да отпочне претпристапни преговори за ЕУ.
Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, ќе оствари билатерални средби со Маршалот на Сејмот, Елжбијета Витек и со Маршалот на Сенатот, Томаж Гроцки.
Во рамки на официјалната посета, претседателот Пендаровски ќе се сретне со истакнати слависти и македонисти, кои живеат и работат во Република Полска.
За време на официјалната посета на Република Полска, претседателот Пендаровски е придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска.
Ново на Сител
-
Четворица обвинети за инцидентот со пукање со пиштол во Чаир во кој едно лице беше рането
-
Судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува на 27 јануари
-
Косовец се обидел да пренесе 48.000 пара чорапи преку Блаце
-
37-годишник загина во пожар во сопствената куќа во Делчево
-
Скопје без парно, родители добиваат повик да си ги земат децата од училиштата и градинките
-
„Не апсеа и казнуваа по 173 евра за знамето со сонцето од Кутлеш“, сведоштва на македонски навивачи во Вараждин
-
Поскапуваат горивата
-
Вонредна инспекција во прилепската болница по смртта на новороденчињата близначиња