Македонија
25. January 2021 - 13:59

Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година.

Указот, како што информираат од Кабинетот на Пендаровски,  бил потпишан по извршените консултации со правни експерти.

Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата.

Собранието на 21 јануари со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе Законот за попис на населението, домаќинства и становите во Република Македонија. Пописот ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2021 година.