Пендаровски – Џанг Ѕуо: Успешни односи, традиционално пријателство и прагматична соработка
Претседателот Стево Пендаровски и амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија, Џанг Ѕуо на денешната средба го реафирмирале ставот дека билатералните односи меѓу двете земји се успешни, базирани врз традиционално пријателство и прагматична соработка во сите сфери од взаемен интерес.
Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, претседателот Пендаровски и кинескиот амбасадор разменија информации и мислења за развој на соработката во областа на економијата и притоа беше нагласена соработката во рамките на „Процесот за соработка 17+1“, чија рамка дава можности за нејзино продлабочување.
На средбата се разменија мислења за моменталните состојби, како во нашата земја, така и во Кина, за справување со пандемијата на Ковид-19, како и за процесот на вакцинација.
Кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо истакна дека традиционалното пријателство меѓу двете држави е длабоко и дека Кина придава големо значење на развојот на односите со Република Македонија, се посочува во соопштението од средбата.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци