Loading Video...
Ракомет
2. November 2022 - 9:43

Пелистерци со победа се враќаат од гостувањето во Португалија кај Агуаш Санташ

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја остварија првата победа во Европската лига.
 
Во натпревар од 2.коло во Д групата на Европската лига пелистерци се израдуваа на првиот триумф совладувајќи го португалскиот Агуаш Санташ со 29-27. 
 
Битолчани лошо го започнаа мечот и му дозволија на домаќинот да поведе со 3-0, по што следуваше серија од 4 гола на зелено-белите за водство од 4-3. До крајот на полувремето Пелистер стигна и до три голови предност 15-12, а највисоката од 7 голови ја имаа 43.минута кога водеа со 21-14. 
 
Таквата предност доведе до опуштање во таборот на битолскиот клуб, па Португалците со шест врзано голови стигнаа и до еден негатива. Во самиот финиш, Пешевски и Танкоски ја презедоа одговорноста, па на крајот Пелистер заслужено се радуваше на победа со конечни 29-27.
 
Данецот, Хенеберг со 7 гола беше најдобар стрелец кај пелистерци, за кои Пешевски постигна 5, а Сери средбата ја заврши со 4 гола. 
 
Следен предизвик на пелистерци ќе биде германскиот тим Фуксе Берлин кој со победата над Бидасоа 34-29 е на врвот на табелата во Д групата, во која максимални 4 бодови има и Орхус, кој беше на гости го победи Мотор Запорожје со 37-31.
 
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фуксе Берлин ќе се игра на 22 ноември во Битола.