Loading Video...
Ракомет
1. December 2021 - 9:51

Пелистерци пропуштија победа против Спортинг во Лисабон

 
Еурофарм Пелистер пропушти голема шанса да ја продолќи серијата на победи во ракометната ЕХФ Европска лига. 
 
Пелистерци ги делеа 50-тина секунди од третата победа, и тоа на гостувањето во Лисабон кај Спортинг со кого одиграа нерешено 27-27. 
 
Речиси во текот на целиот меч битолскиот тим имаше резултатска предност, во во самата завршница во ситуација кога имаа два гола предност, тренерот Бабуќ реши во нападот да одиграа без голман, што беше казнето, а во предпоследниот напад на гол позитива направија техничка грешка, која домаќините ја искористија и го израмнија резултатот. 
 
И наместо набрзина да го организираа последниот напад, минаа десетина секунди, па ударорт на Мандалиниќ заврши над голот. 
 
За пропуштената шанса пелистерци неможе да жалат долго, бидејќи веќе следната недела, односно во вторник (7 декември) во Битола ќе играат потворно против Спортинг. 
 
Нерешениот исход на споменатиот меч, го искористи франнцускиот тим Ним кој со победата над Татабања 24-22 изби на првото место на табелата во Д групата. Французите сега имаат 7 бодови колу што има и Спортинг, а Еурофарм Пелистер останува на третата позиција со бод помалку.