Loading Video...
Ракомет
6. December 2021 - 18:27

Пелистерци подготвени го пречекуваат Спортинг во дуел од Европската Лига

Ракометарите на Еурофарм Пелисте утре ќе го пречекаат португалскиот тим Спортинг од Лисабон во дуел од ЕХФ Европската лига 
 
Пропуштената шанса пред седум дена на гостувањето во Лисабон кога пелистерци освија само еден бод играјќи нерешено со Спортинг 27-27, ќе биде дополнителен мотив за избраниците на Жељко Бабиќ, не само да ја продолжат низата од четири средби без пораз, туку и да ја остварата третата победа во ова натпреварување. 
 
Ова ќе биде и голем тест за битолчани пред големото македонско дерби со Вардар кои ќе се игра во Битола за десет дена (16 декември). 
 
Утрешниот дуел меѓу Е. Пелистер и Спортинг ќе започне во вечерниот термин од 20:45 часот, а претходно од 18:45 часот, ќе се играат и другите две средби од 6.коло на Д групата во кои АЕК во Атина ќе биде домаќин на Кадетен Шафхаузен, додека Танабања ќе го пречека лидерот, француски, Ним кој има ист број бодови како и Спортинг, а еден повеќе од  Пелистер кој е на третото место на табелата.