Ракомет
26. October 2021 - 20:40

Пелистер се враќа непоразен од Швајцарија

Ракометарите на Еурофарм Пелистер направија мал подвиг на гостувањето во Швајцарија каде во рамките на Европската лига одигра 28-28 со домашниот Кадетен. 

Средбата во Шафхаузен имаше две различни полувремиња а домашните доминираа во првото кое го добија со 16-11. 
Во второто македонскиот претставник одличен и иако на три минути до крајот имаше негатива од три гола сепак успеа со звукот на сирената да се спаси од пораз откако Периќ реализираше за голема радост на битолчани во овој инфаркт меч.